Програми

За потребите во работењето, изработени се неколку компјутерски програми, од кои некои најдоа примена во повеќе книговодствени бироа и можеме да Ви ги понудиме.

  • Детална плата
  • ПП вирмани
  • Финансово (тест период)

Избрани програми

Како основа од поранешниот начин на работа, пресметување плата и печатење вирмани, произлегоа соодветни решенија.

Детална плата

"Детална плата" се однесува за пресметка на плата и платни списоци, како и пополнување електронски образец МПИН.

Се внесуваат основните информации, како ослободување, просечна плата. Следно, за секој вработен се внесува бруто плата (или од нето може да се пресмета бруто), работни часови. Доколку не е работено цел месец, се внесува причина, пријавен/одјавен од датум, скратено работење, боледување под/над 21 ден, породилно.

По ова, спремно е да се направи пресметка во МПИН, да се печатат платни списоци (збирен и поединечни). Информациите за секоја фирма и вработени се внесуваат еднаш и се памтат.

Главна особина на програмоте е дека за секој вработен се прави годишен список за плата и придонеси, кои се користат за ПДД-ГИ.

ПП вирмани

"ПП Вирмани" служи за пополнување вирмани од неколку видови:

  • ПП 10 (уплата дневен пазар)
  • ПП 30 (уплата по фактура)
  • ПП50 (уплата даноци и сл.)
  • ПП 60 (буџетски организации)

Можност за бирање печатач и вид и големина на фонт.

Информациите за секоја фирма и уплатни сметки се внесуваат еднаш и се памтат.

Уплатите кои се повторуваат, може да се снимат и да се повикаат при секоја уплата, каде само износот и/или уплатувач/примач ќе се променат.

Вирмани може да бидат поединечни или перфорирани.

 

Нашите продукти овозможуваат

  • Пробен период.
  • Испраќање по е-маил или ЦД.
  • Едноставна инсталација.
  • Можност за плаќање по ф-ра.
  • Едноставно користење
  • Временски неограничена подршка
  • Следење на законските измени
  • Додавање нови можности